Saturday, 24 September 2016

Животна средина







Под животна средина се подразбира збирот од сите надворешни фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден организам. Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се неживите фактори - влијанијата на почвата, водата и воздухот врз организмите.                             
Разликуваме три вида на животна средина и тоа:
-Водена средина
-Копнена средина

-Воздушна средина



Водена средина
Водата е широко распространета во живите системи, бидејќи е универзален растворувач и е неопходна за биолошката активност. Кај многу организми се развила способноста да преживеат подолги периоди со целосно отсуство на вода, но ова се постигнува само преку одржување во неактивен стадиум од нивниот живот (пред сѐ, преку криптобиоза и запаѓање во зимски или летен сон). Достапноста на вода останува еден од најважните ограничувачки еколошки фактори од кои зависи преживувањето на копното. Примитивните копнени организми покажуваат мала или никаква способност за зачувување на вода во нивните клетки, и затоа се наречени поикилохидрични. Примери се водоземците и примитивните растенија, како мововите и џигерниците. Овие организми се ограничени на места каде има доволно вода. Лишаите можат да преживеат целосна водна загуба и повторно за брзо време да се вратат во активна состојба кога ќе се наводенат. Ваквите организми мораат да бидат способни да ја минимизираат штетата која се предизвикува на клеточните структури кога отсуствува вода. Дехидратацијата предизвикува неповратни штети на мембраните и протеините. Оваа штета може да се спречи со акумулацијата на заштитни молекули наречени компатибилни растворувачи.
Хомеохидричните организми имаат водоотпорен слој кој ја ограничува загубата на вода од клетките. Оваа водоотпорност не е никогаш апсолутна, бидејќи гасната размена се одвива во водна фаза. Зачувувањето на водата им овозможува на организмите да живеат во средини во кои снабдувањето со вода е многу мало. Во екстремно сушните средини, промените во однесувањето можат да придонесат за минимизирање на водната загуба. Така, животните може да се ноктурни и да излегуваат само кога температурите се пониски, а со тоа испарувањето е минимизирано. Кактусите вршат вид на фотосинтеза, означена како CAM фотосинтеза ( која им дозволува да го одделат процесот на гасна размена од апсорпцијата на светлина.

















Копнена средина
Почвата како еколошки фактор,претставува иситнета карпеста подлога,со комплексен состав,измешана со распадни остатоци од растенија и животни, на која вегетираат растенијата, а живеат и некои групи на микроорганизми и животни. Развитокот на растенијата и формирањето на растенијата е тесно поврзано за почвата, од која добиваат минерали и вода. Различни растенија вегетираат на различни типови почви.

















Воздушна средина
Составот  на воздухот  има големо влијание врз развитокот на единките. Во составот на атмосферскиот  дел од воздухот влегуваат:

-азот(N) со 78% 
-кислород (O)21%
-јаглерод диоксид (CO2) 0,03%
-аргон 0,9%
-водена пареа 1%.
Сите гасови се подеднакво важни  за нормалниот животен тек на сите единки  и кружењето на материја во природата.